Skip to content

Патека:Насловна
Соопштение – 12.12.2011 година
Почитувани,
 
Ве известуваме дека Центарот за стручно образование и обука – Скопје, сметано од ден 12.12.2011 година, се пресели во нови работни простории лоцирани во зградата на МРТВ (Македонска Радио Телевизија) на втори кат.
 
Новата адреса на Центарот е: Бул.“Гоце Делчев„ бр. 8, 1000 Скопје, поштенски фах 290.

 
Предлог текст: Стандарди за изведување практична обукa
Почитувани,

Врз основа на Законот за стручно образование и обука, Центарот за стручно образование и обука го изготви документот Стандарди за изведување практична обука на учениците кај работодавачите. Стандардите за опремата и просторните услови согласно закон, ги изготвува Центарот, а ги донесуваат коморите за својата област.
Со цел да добиеме квалитетен документ кој ќе ги исполни очекувањата и ќе биде општоприфатен од сите засегнати страни за стручното образование и обука во Република Македонија, документот го доставивме за мислење до сите релевантни институции и истовремено го објавуваме на нашата веб страна. Сите предлози, сугестии и забелешки ќе бидат добредојдени и најдобронамерно сфатени како Ваш придонес и желба за подобрување на квалитетот на документот. 

Прочитај повеќе...
 
Твининг проект - ИПА Компонента IV “Развој на човечки р
            eu.jpg                                sl.jpg                                    mk.jpg

Стручното образование во активниот процес на модернизација

03.11.2011 - Лансирање на проектот “Подршка на модернизацијата на системите за образование и обука” (MK/07/IB/SO/03)

Активниот процес на модернизација на системите за стручно образование и обука преку Инструментот за Пред - пристапна помош започна во земјата.

Имајќи на ум дека програмите за стручно образование и обука се веќе застарени и не се поклопуваат со потребите на пазарот на труд,  загрижувачки се стапките на високата невработеност помеѓу матурираните ученици во средните училишта и долгите периоди на барање работа, проектот “Подршка на модернизацијата на системите за образование и обука” ќе се имплементира во следниве 20 месеци. 

Прочитај повеќе...
 
Стручна обука на наставници, 14 и 15 Октомври 2011 година
На ден 14 и 15 Октомври 2011 година во СОТУ „ Ѓорѓи Наумов“ – Битола се одржа дводневна стручна обука за наставниците од машинската струка, на тема „3D Моделирање“.
Прочитај повеќе...
 
Донаторска тркалезна маса, 26.01.2011 година
На ден 26.01.2011 со почеток во 10:00 часот, во просториите на Стопанската комора, се одржа “Донаторска тркалезна маса за поставување приоритети во системот на стручно образование и обука 2011-2020“. 
Тркалезната маса беше организирана од страна на  Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука, со поддршка на Советот за стручно образование и обука а во присуство на бројни домашни и меѓународни организации и институции, амбасади и невладни организации.
Прочитај повеќе...
 
Потпишан е протокол за социјално партнерство
Протокол за социјално партнерство во областа на стручното образование и обука, 15 октомври 2010 година.
За прв пат во Република Македонија се потпиша Протокол за социјално партнерство во областа на стручното образование и обука , со цел да се прилагоди стручното образование и обука според потребите на работодавачите. Протоколот се потпиша на ден 15 октомври 2010 година, во 10 часот, во хотел Александар Палас. 
Прочитај повеќе...
 
Стратегија за институционален развој на ЦСОО

Промовирана Стратегијата за институционален развој на Центарот за стручно образование и обука и Рамка за развој на партнерство, 29 септември 2010 година

На ден 29 септември 2010 година, Центарот за стручно образование и обука ја промовираше својата прва петгодишна Стратегија за институционален развој.

Прочитај повеќе...
 
Годишен Јубилеј

Центарот за стручно образование и обука - Скопје, на ден 09 март 2010 година ја прослави тригодишнината од своето постоење во просториите на СУГС „Лазар Танев„ - Скопје.
Голема благодарност изразуваме за присуството на вицепремиерот за европски прашања г-дин Васко Наумовски и австрискиот амбасадор H.E. Mr. Alois Kraut.

Прочитај повеќе...
 
Соопштение 11.01.2010 година

Конкурс за издавање на учебници

Ве известуваме дека Министерството за образование и наука објави Конкурс за издавање на учебници за прва, втора, трета и четврта година за четиригодишното средно стручно образование. Конкурсот е даден во прилог. Наставните програми можете да ги превземете од оваа web страна [линк ].

 
Соопштение од 07.12.2009 година
Ве известуваме дека Министерството за образование и наука во рамките на проектот бесплатни учебници за потребите на средното стручно образование објави ЈАВЕН ПОВИК за искажување на интерес за изработка на ракописи за учебници за средно стручно образование, со цел прибирање на информации за можните автори на учебници за прва и втора година за четиригодишното стручно образование.
Подетални информации ќе најдете на веб страната на Министерството за образование и наука http://rakopisi.mon.gov.mk/intro
 
www.yesnetwork.mk

Следење

al.gif AL
  en.gif EN
   
РМ
bilten-banner.png

bannerbrosura.png
programi.jpg
СТРАТЕГИЈА ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА 2013 – 2020